Во Турција уапсени 19 странци, кои сакале да се приклучат кон ИД

0
5019

Во Турција се уапсени 19 странски државјани, кои сакале да се приклучат кон Исламска држава.

Властите на округот Килис во Јужна Турција соопштија дека странците се уапсени во операција на полициска единица за борба против тероризмот, додека се обидувале да преминат во Сирија преку границата кај селото Беширие.

Уапсените ќе и бидат предадени на полицијата и властите ќе преземат мерки за нивна екстрадиција.

Без коментари

LEAVE A REPLY