Во Турција уапсени 400 мигранти

0
343

Турската полиција уапсила 435 мигранти, најголем дел од Сирија, кои патувале до грчкиот остров Лезбос.

Приведени се тројца турски државјани, кои се сомничат за пренесувањето на мигрантите. Ќе бидат изнесени пред суд.

По турските закони, за криумчарење на луѓе може да се добијат ик до 8 години затворска казна. Помеѓу уапсените мигранти има мажи, жени и деца главно од Сирија (345), но има и такви со потекло од Авганистан, Мјанмар и Пакистан.

Полицијата запленила два брода, два моторни чамци и голем број појаси за спасување. Мигрантите по испитувањето се префрлени во кампот за бегалци. Според тамошните закони тие можат да заработат казна во висина од 2.200 лири (700 евра).

Без коментари

LEAVE A REPLY