Во Унгарија бегалците се хранат како животни

0
189

Шокантно видео беше објавено денеска на кое се гледа како унгарските полицајци фрлаат храна кон мигрантите во кампот Рошке во близина на границата со Србија.

Михаела Шприцендорфер, сопруга на политичар од австриската партија на зелените, тајно го снимила видео материјалот, во текот на посетата на кампот со новинарот и активист Клаус Куфнер, кој и овозможил пристап до бегалците.

Таа оцени дека ова е уште еден доказ дека бегалците се третираат како животни, повикувајќи ги европските држави да ги отворат границите.