Во уривање на касарна на Сибир загинаа 18 руски војници

0
121

Осумнаесет руски војници загинале откако се урнала нивната касарна во близина на градот Омск во Сибир, соопшти руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека 19 војници биле хоспитализирани. Од под урнатините се извлечени 37 војници од кои 18 починале”, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков, додавајќи дека спасувачките екипи во моментов биле во потрага по уште пет војници, кои се водат за исчезнати.