Во Виена судири меѓу десничарите и антифашистите

0
457

Тринаесет лица се повредени а седум се приведени во австриската престолнина Виена во саботата, во текот на судирите на ултрадесничарските активисти на движењето Identitare и антифашистите, соопшти австриската полиција.

Според полицијата, организаторите на планираниот марш на десничарите под мотото „Да се одбрани Европа“, во кој учествувале околу илјада лица, ненадејно ја промениле маршрутата и се нашле наспроти собирот кој го организирале австриските антифашисти. Огорчените противници започнале да се гаѓаат меѓусебно, но и полицијата, со камења, шишиња и железни прачки. Полицијата била принудена да интервенира со лут спреј кој предизвикува печење во очите.

„Првичните сознанија укажуваат дека еден од учесниците на митингот на Идентитаре е уапсен, како и седум учесници на контрапротестот. Вкупно 13 лица се повредени, од кои четворица се полицајци“, се наведува во соопштението на полицијата на австриската престолнина.

Министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка остро го критикуваше однесувањето на демонстрантите. „Под маската на демонстрација на слободата беше применето насилство кон сонародниците, тоа дефинитивно во ниеден случај не дозволено, напротив, таквото однесување е за осуда“, се вели во писмената изјава на Соботка.

Министерот притоа им се заблагодарува на припадниците на полицијата, истакнувајќи дека тие покажале оти се способни брзо да воспостават контрола над ситуацијата. „Би сакал да укажам дека правото на протести е најголемото богатство на демократијата“, додава Соботка./крај/мф/сн