Во воздушните напади на САД веројатно погодена болница во Авганистан

0
359

Во американски воздушен напад веројатно е погодена болница на Доктори без граници (МСФ), рече портпаролот на силите на НАТО откако оваа лекарска група обвини дека во нападот е уништен северниот авганистански град Кундуз, при што загинале тројца нивни вработени.

Борбите беснеат околу главниот град на провинцијата Кундуз во Авганистан, кој владините сили го зазедоа оваа недела од талибанските милитанти, кои претходно го освоија во најголемата победа во нивниот речиси 14-годишен бунт.

Американските сили ноќта почнаа воздушен напад во градот, рече денеска портпаролот, полковникот Брајан Трибус, пренесе Ројтерс.

„Нападот веројатно резултирал со колатерална штета на блиската болница“, додаде тој. „Овој инцидент е под истрага.“

МСФ изјави дека 30 од нејзините вработени сè уште се водат како исчезнати по делумното уништување на трауматолошкиот центар, кој бил погоден неколку пати.

Без коментари

LEAVE A REPLY