Во Женева се отвораат мировните преговори за Сирија

0
329

Во Женева денес почнуваат мировните преговори за Сирија. И покрај притисокот од Обединетите Нации и САД, сириската опозиција реши да не присуствува на оваа средба бидејќи смета дека условите за мировни преговори не се исполнети.

Опозицијата, составена од повеќе групи, се наоѓа во Ријад, престолнината на Саудиска Арабија:

– Утре нема да бидеме во Женева. Можеби ќе дојдеме подоцна но нема да влегуваме во салата на состанокот доколку не се исполнат нашите хуманитарни барање, изјави Риад Хиџаб, координатор на опозицискиот Високи комитет за преговори. Тој бара бомбардирањата врз зони во кои живеат цивили да сопрат и пристап до окупирани зони и потсетува дека овие мерки веќе се наоѓаат во резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ООН.