Во Жупа жена загинала од напад на кучиња

0
624

Во четвртокот наутро, една жена жителка на селото Баланци во општина Центар Жупа, почина по каснувањата што и ги нанесоа кучиња скитници.

 Според очевидци,  58-годишната Ф. Буџаку  била нападната од кучињата во моментот кога излегла во бавчата до својата куќа. Каснувањата биле смртоносни, изјавија претставници на дебарската болница. Таа била изгризена по главата и по телото, по што починала. Истражните надлежни институции направија увид на местото на трагедијата.

Во општините Центар Жупа и Дебар има голем број кучиња скитници, од кои и до сега се забележани голем број на каснувања на жители од двете општини./крај/мф/мн

 

Без коментари

LEAVE A REPLY