Водечка улога за Огнен Дранговски во Велешкиот театар

0
548

Со премиера на претставата „Медеја“ работена по мотиви на Еврипид, на текст од Сашо Димовски, во режија на Ненад Витанов, која беше одиграна на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, започна реализацијата на фестивалот „Дамите на езерото“, македонско – грчки проект финансиран од ЕУ. Фестивалот беше во продукција на Фестивалот на античка драма „Стоби“ од Велес во рамките на меѓуграничната соработка со здружението „Преспа“ од Лерин.

Главните улоги во Медеја ги имаа актерите од битолскиот театар Огнен Дранговски како Јасон и Габриела Петрушевска како Медеја.

– Улогите на Петрушевска и Дранговски допринесоа за претставата и за мене после двојката лејди Магбет и кралот Магбет, тие дадоа силен печат како Медеја и Јасон- рече режисерот Ненад Витанов.