Воен удар во Зимбабве

0
141

Армијата на Зимбабве денеска соопшти дека претседателот Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс се во притвор и дека војската ги обезбедува владините канцеларии и патролира по улиците на главниот град, по ноќта со немири при што војската ја презеде и државната телевизија. Акцијата предизвика шпекулации за државен удар, но поддржувачите на војската ја пофалија како “корекција без крв”.

Вооружени војници во оклопни транспортери се стационирани на клучните точки во Хараре, додека Зимбабвејците формираа долги редици во банките за да си ги извадат парите, рутинска грижа во тековната финансиска криза во земјата.

Во обраќањето до нацијата по преземањето на контролата врз државната телевизија на Зимбабве, портпаролот на армијата изутринава соопшти дека војската ги напаѓа „криминалците“ околу Мугабе и се обиде да ја увери земјата дека редот ќе биде вратен.