Војдан има повреда на окото, неизвесен за утре со Словенија

0
637

За утрешниот одлучувачки натпревар со Словенија, нашата репрезентација има дополнителна грижа. Имено Војдан Стојановски е неизвесен и има се помали шанси да настапи против „зелените„. Тој доби удар во окото, заради кој одигра само неколку минути од мечот со Грузија. По мечот самиот Војдан ни потврди дека гледа недоволно добро и дека треба да се сочека пред да се донесе финална одлука. Докторот на репрезентацијата Николиќ не сакаше да се произнесе, но потврди дека ударот е силен и дека повредата не е наивна. И така лимитираниот број на квалитетени кошаркари, утре може да претрпи нов удар, ако останеме без бекот на Андора.

Без коментари

LEAVE A REPLY