Војна на ѕвездите Силата се буди во 3Д киното во Битола

0
625
По завршувањето на интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки, на кој беа прикажани околу 110 долгометражни филмови, фестивал кој беше во партнерство со Центарот за култура и неколку фестивали во сорабoтка со повеќе амбасади, репертоарот во 3Д Киното, продолжува со најновите светски филмски наслови.

Месец ноември беше посветен на проекциите на македонскиот филм, а декември на фестивалот на европски филм. Но сепак најголемо внимание привлекува премиерата на новото поглавје од серијалот ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ .Овој филм е 
со премиера на 16 ти декември во 3D Кино Битола, полноќна премера со почеток од 23:59 часот а потоа на редовен репертоар.
 Новото продолжение, започнува 30 години по оригиналот, кога од урнатините на империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен.
Овој месец се очекува и сто илјадитиот гледач во 3Д киното.
По повод премиерата и Дарт Вејдер пиеше кафе на Широк-сокак во нашата Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY