Војник на АРМ се повредил додека стражарел во касарната во Прилеп

0
1310

Професионален војник на АРМ, кој во четврток вечер вршел стражарска должност во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се застрелал во стомакот со автоматска пушка, информираат од Министерството за одбрана.

Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Синоќа, војникот е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба.

За случајот се известени надлежните судски органи, органите на МВР и дежурната служба на Воена полиција, кои се излезени на лице место за да ги утврдат причините поради кои дошло до истрелување на куршум од личното вооружување и повреда на војникот.

„Врз основа на првичните сознанија, пред извршување на должноста, согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ, навремено и целосно е извршена подготовка на  комплетниот состав на лицата кои извршуваат стражарска служба во гарнизонот Прилеп, при што е утврдено дека професионалниот војник кој се повреди, бил во добра здравствена и психофизичка состојба“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана. /крај/со/ст