Војска на САД се подготвува на пат од 2.200 километри за вежба на Криволак

0
1383

Од Вилсек, Германија наскоро ќе тргне конвој на армијата на САД кон Македонија, на воена вежба на Криволак. Владата на Република Македонија вчера донесе одлука да дозволи влез на војска на САД на територијата на Македонија.

Во вчерашното владино соопштение се вели дека „Владата одлучи да дозволи мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак. Станува збор за прва ваква вежба во Македонија и можност нашата држава да покаже логистичка подготвеност за одржување и на други вакви регионални вежби во иднина, што се оценува дека е добар сигнал и во рамки на НАТО аспирациите на Македонија“, се вели во соопштението.

Специјализираните медиуми на американската војска, од пред три дена пишуваат дека дел од нивната армија сместена во Вилсек, Германија, веќе го подготвува конвојот за пат од околу 2.200 километри за воената вежба „Сабја“ во Македонија. Во рамките на овие подготовки се прават разни симулации за сѐ она што може да ги очекува војниците за време на ова патување до Криволак, пишуваат медиумите.

www.mkd.mk