Војската на САД чека наредба за напад во Сирија?

0
450

Американски бродови и авиони се наоѓаат во борбена готовност поради можен напад врз сириската воздухопловна база Шаират, јавуваат американски медиуми.

Си-ен-ен објави дека комплексот е под постојан надзор, бидејќи токму од таму, според проценките на Вашингтон, би можел да биде извршен хемиски напад.

Во случај на каква било сомнителна активност воениот аеродром, како што беше ветено, ќе биде нападнат.

Разузнавачки информации за наводно разместување авиони и хемиски супстанци во базата Шаират ја поттикнаа Белата куќа да му испрати закани на Дамаск дека во случај на нов хемиски напад „ќе плати висока цена“. Сириските власти категорично ги негираат сите обвинувања.

http://www.mkd.mk