Волфсбург го освои германскиот Куп

0
146

Фудбалерите на Волфсбург ја освоија титулата во германскиот Куп, откако во финалето со пресверт славеа над Борусија Дортмунд со 3:1 (3:1). Волфсбург со освојувањето на Купот ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја бидејќи во првенството го освои второто место.

Финалето кое се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин со гол го отвори напаѓачот на Борусија Обамејанг во петтата минута.

Волфсбург потоа орговори со агресивна игра која ја круниса со три гола во интервал од 22. до 38.минута, стрелци беа Луис густаво, Де Брујне и Дост.

Финалето во Берлин беше последниот натпревар на клупата на Борусија за тренерот Јирген Клоп.