Волонтери ја чистат УЗ Коле Лачето

0
464

Околу 30 тина волонтери од МКЦ Битола и фолклорниот ансамбл Плетенка со четките и метлите во рака втор ден ја чистат УЗ Коле Лачето во Битола.Целта е да се овозможуви подобри и похигиенски услови за повеќе од 300 млади, кои членуваат во некој од клубовите и фолклорното друштво што работат во УЗ „Коле Лачето”, како и вклучување на младите луѓе во активности кои придонесуваат кон заштита на јавните простори и придонес кон локалната заедница

kole laceto 2

Условите за работа на сите клубови кои го користат овој простор се многу ниско ниво и се извор на многу бактерии. Со оглед на тоа што таму работи фолклорен ансамбл, спортски клуб, зумба и аеробик клубови, каде што членуваат повеќе од 300 првенствено млади луѓе, сметаме дека со оваа волонтерска акција ќе придонесеме кон зачувување на јавните простори, создавање на хигиенски услови за работа и ќе дадеме придонес кон реализацијата на сите активности што се случуваат во УЗ „Коле Лачето”, изјави Марија Мерковска МКЦ-Битола

marija

Волонтерската акција е на Младински образовен форум – Скопје и Младински културен центар – Битола, а вклучува

Акцијата ќе вклучи: санирање на руинираните ѕидови во УЗ „Коле Лачето”, премачкување на ѕидовите, премачкување на внатрешната и надворешната дограма, премачкување на оградата во шарени, впечатливи бои, санирање на оштетениот знак на АФ „Плетенка” и санирање на останатите оштетени делови“, додаде Мерковска

kole laceto 3

Акцијата се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество

Без коментари

LEAVE A REPLY