Волонтери од Турција во СФЕРА

0
363

Со цел младите лица да се запознаат со проектите и активностите кои ги нуди здружението СФЕРА Македонија, тековни проекти и идни активности, но исто така и младински размени кои ги нуди организацијта во странство за млади лица од 18 до 30 години, организираа отворен ден.

-Моментално во нашата организација имаме волонтери од Турција, а исто така ги очекуваме и останатите волонтери да пристигнат кои работат на тековни проекти. Во септември оваа година ќе имаме еден проект во кој ќе бидат вклучени 40 волонтери од повеќе држави, а проектот ќе трае 8 дена, а исто така секој месец имаме младински размени во различни држави” – изјави Милчо Дули, претседател на НВО СФЕРА Македонија. MILCO

СФЕРА Македонија во текот на една година испраќа околу 250 до 300 млади луѓе од нашата општина на младински размени во европските држави, а во 2015 година овие бројки значително се зголемени со зголемувањето на обемот на работа на оваа организација. Како најбарани земји за младинска размена се Франција, Германија, Шпанија, Италија, но исто така и Полска, Чешка и Романија. За земјите на балканскиот полуостров интересот бил намален.

Општата цел на СФЕРА Македонија – Битола е преку не формални методи едукација на населението во Македонија во врска со заштитата на животната средина, културното и природното наследство, со цел да се подигне свеста кај сите возрасни групи за важноста на здравиот начин на живот и придобивките кои доаѓаат со неа.

Има работено на различни видови на проекти во минатото, како што се: справување со проблемите на сиромаштијата и невработеноста, развој на лидерски вештини и демократијата кај младите, пожари и заштита на животната средина и образованието, организирање на обуки, работилници и кампови на национално и меѓународно ниво,  вмрежување со национални и меѓународни организации и мрежи