Волонтирањето како алатка за помирување и градење мир

0
317

МКЦ во соработка со партнерите од Гeрманија и Израел во рамките на волонтерскиот камп одржаа јавна дискусија во Битола. Настанот е дел од програмата на Меѓународниот младински камп за справување со минатото кој што се одржува во Битола од 10 – 19 септември 2017 година.

– Тоа е уште една извонредна можност и МКЦ како да реализира уште еден камп во кој што градот Битола и ние како граѓанска организација покажуваме дека само преку почитување на минатото се гради иднината, ова е традиционална манифестација која што започна минатата година но очекуваме и веруваме дека ќе трае и во наредните години изјави Сашо Додовски МКЦ Битола

Интересот за вакви волонтерски проекти е на задоволително ниво вели директорот на Завод и Музеј Александар Литовски.

– Акцентот го ставаме на целата Битола со цел значењето и намерата на местото на еврејската заедница во развојот на градот како и на оној дел што значи рефлектирање на некои историски ситуации во сегашноста, или поточно местото и улогата што Евреите како сеќавање го имаат во нашата современост, изјави Александар Литовски директор на Завод и музеј Битола

Конзулскиот период во Битола и натаму е испирација за истражувачите кои велат дека Битола е уникатна по тоа што одсекогаш била космополитски град кој преку конзултатите упсешно ги спојува државите и народите од овие простории.

– Овој настан е подржан од УСАИД поточно во оделот за граѓански активизам. Овај е добар настан зато што граѓанскитеорганизации ќе моќат позитивно да се однесуваат понатаму, изјави Едвард Гонзалес УСАИД

Дојдоа 21 волонтер во кои 5 мина беа обучувачи.

– Прошетавме низ Битола научив нешто повеќе за историјата, бевме во Скопје во музејот многу беше добро да се научи за Евреите и за инволвираноста на Евреите како живееле во минатото, колку ги има сега како работат и што работат, изјави Дени Бијонсик волонтер од Германија

Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации.