Волци ги уништуваат стадата овци по селата

0
515

После бројните поплаки на жителите од могилските села Подино и Ивањевци дека волците се намножиле и им ги преполовуваат стадата овци, ловното здружение „Сокол“ организираше хајка во овој регион во која отстрелаа три волци. Овчарите се жалат дека волците слегуваат во селата, влегуваат во трлата. Ги дават овците, а ги напаѓаат и додека се на пасење. ovci

-Оваа година ми уништи пет овци, а секоја година ми прави зијан по толку. Ако се оддели од стадото, таа овца жива не се враќа. Имаме голем зијан, а со вакви акции малку ќе се исчисти теренот, ќе бидеме послободни и нема да трпиме толкави загуби, вели Боне Бошевски, сточар од село Подино.

-Лани десетина грла ми изеде, а и годинава неколку овци ми уништи, рече Борис Велевски, сточар од Ивањевци.

Во глутницата имало повеќе од десетина волци, велат од „Сокол“.

-Зафативме помал дел од теренот, пуштивме и кучиња, се позициониравме, застрелавме 5 волци, три угинаа, а два се ранети. Ќе мора да се направат две-три хајки за да ги намалиме, затоа што според наши проценки ги има многу. Но, и овчарите се жалат дека секое утро и секоја вечер волците ги напаѓаат овците, изјави Димче Баревски, ловочувар во ловното здружение „Сокол“. lovec 


Откако волкот се намножи во регионот, веќе неколку години не е заштитен дивеч, а забраната за негов отстрел е укината. Секој што ќе застрела волк добива награда од 50 евра од Министерството за земјоделство.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY