Волци изеле 17 овци во гостиварско Топлица

0
789

Волци нападнале и ги усмртиле сите овци од помало стадо, вчера во близина на гостиварското село Топлица. Сопственикот на стадото В.А. од Топлица, откако претходниот ден ги напасувал, го собрал стадото и го оставил во импровизирано бачило да преноќат.

Според СВР Тетово, каде случајот бил пријавен, сопственикот кој претходно ги оставил, вчера дошол да го напои и прихрани стадото, но затекнал, вистински „масакар”. Од неколку овци имало само остатоци, а останатите биле задавени.

По пријавата, бил извршен увид на местото, при што бил повикан и ветирнар, кој потврдил дека станува збор за напад од волк или повеќе волци.

Штетета која ја претпрпел сточарот се проценува на над 90 илјади денари.