Вонредна ситуација во светот поради вирусот Зика

0
419

Светската здравствена организација прогласи вонредна ситуација поради брзото ширење на вирусот Зика, што го пренесуваат комарци.

СЗО соопшти дека вирусот Зика претставува опасност за јавното здравје во светот и поради тоа е неопходен итен и единствен одговор. СЗО го стави во иста категорија, по однос на меѓународна загриженост, вирусот Зика како и Еболата.
Тоа беше соопштено по кризниот состанок на СЗО на кој експерти разгледуваа дали меѓународните напори со цел сузбивање на епидемијата треба итно да се засилат.
Во разговорите учествуваа 12 независни членови на комисија во која се експерти од областа на епидемиологија, јавно здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.
Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата на Ебола. СЗО минатата недела соопшти дека вирусок Зика „експлозивно се шири“.