Вонредна состојба на Флорида поради вирусот Зика

0
421

Девет лица инфицирани со вирусот зика регистрирани се на Флорида поради што гувернерот Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи на оваа американска сојузна држава.

Здравствените власти се уверени дека сите заболени се инфицирале по нивниот престој во подрачјата каде што вирусот Зика е присутен.

Скот наведе дека Флорида чини се да го спречи ширењето на вирусот, како и дека на државното одделение за земјоделие му е дозволено да користи во поголема мера спреј против комарци.

Станува збор за вирус кој го пренесуваат комарците и кој се шири брзо. Така во Бразил има 2.700 случаи на оштетување на мозокот кај новороденчињата, кои се припишуваат на вирусот Зика.

За сега нема лек против овој вирус. Првите симптоми се треска, осип, чешање, болка и конјуктивитис.

Без коментари

LEAVE A REPLY