Вонредна состојба во делови од Србија, се излеваат реките

0
514

Поради обилните врнежи во Србија реките почнаа да се прелеваат. Прогласена е вонредна состојба во повеќе општини, а под вода се голем дел патишта, куќи, фабрики, училишта. Властите се подготвуваат за евакуација на загрозеното население, јавуваат српските медиуми.

Поплавите се резултат на обилните количества врнежи. Според српскиот Сектор за вонредни ситуации, ноќеска паѓале околу 80 литри дожд на квадратен километар.

Директорот на Секторот на српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ, изјави дека во тек е седница за прогласување вонредна состојба во Чачак и околината.

Во Србија е прогласена вонредна ситуација во 11 општини поради поплавите и тоа во Чачак, Арилје, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рашка, Нови Пазар и Љиг.

Евакуиррани се 59 лица, соопшти Министерството за внатрешнии работи, а пренесуваат српските медиуми.

Голем број од домаќинствата се без струја или вода.