Вонредна состојба во Еквадор поради вулкан, евакирани околните села!

0
163

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа прогласил вонредна состојба поради зголемената активност на вулканот Котопакси.

Шефот на државата изјавил дека се евакуирани жителите од неколку населени места во близина на вулканот, кој е на околу 70 километри јужно од главниот град Кито. Меѓународниот аеродром е привремено затворен.

Котопакси е еден од највисоките активни вулкани во светот и е популарен меѓу туристите во јужноамериканската земја. За последен пат еруптирал пред 75 години.