Вонредна состојба во Порторико

0
346

Гувернерот на Порторико Рикардо Росело прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда за да го подготват теренот за доаѓањето на ураганот Ирма, кој е од трета категорија.

-Иако Порторико се соочува со економски предизвици, одобрен е буџет за итни случаи од 15 милиони евра, истакна тој.

Американскиот националниот центар за урагани предупреди дека ураганот Ирма ќе се засили, но и оти до Соединетите Држави ќе стигне во среда.

Властите во Порторико донеле одлука за замрзнување на цените на основните животни намирници, лекови, електрични генератори и батерии за да им се помогне на граѓаните да се подготват за големата бура.

Без коментари