Вонредна состојба во повеќе општини во Србија

0
348

Поради загрозеност од поплави во 14 српски општини властите прогласија вонредна состојба. Чачак, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рашка, Нови пазар, Љиг, Косјериќ, Рача и Пријепоље се регионите во кои ситуацијата на теренот е најкритична.

Според податоци од српското МВР, досега се евакуирани повеќе од 120 лица. Надлежните информираат дека состојбите на теренот полека се стабилизираат. Освен на реката Западна Морава водостојот на другите реки полека се намалува.

Иако моментално состојбата се чини стабилна, властите ги загрижува прогнозата на метеоролозите ки предвидуваат нови интензивни врнежи во четврток и најавуваат нагло топење на снегот на планините.