Вонредна состојба во Шарлот

0
362

Демонстрантите кои излегоа на улиците на Шарлот по убиството на Кит Ламонт Скот се судрија и со полицијата која е тешко вооружена и спремна за сузбивање на нереди. Гувернерот Пет Мек Крори мораше да прогласи вонредна состојба, а распоредена е и националната гарда која спроведе полициски час.

Гневната толпа која извикуваше „Раце горе, не пукај“ и „Црните животи вредат“ го демолираше хотелот Хајат, а во судирите тешко е повредено едно лице кое е во критична состојба, а се шпекулира дека е застрелано. Исто така повреден е и еден полицаец, најверојатно од огнено оружје. Полицијата употреби солзавци и димни бомби за да ги растера демонстрантите.

Медиумите пренесуваат две различни приказни за трагичниот настан, според едни сведоци Скот бил невооружен и не претставувал никаква закана, додека пак полицијата тврди дека во раката носел пиштол и морале да применат смртоносна сила.

Без коментари

LEAVE A REPLY