Вонредни парламентарни избори на 24 април

0
387

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека вонредни парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 24 април.

– Во рок од два дена Владата ќе му испрати на претседателот на државата образложен предлог, истакна Вучиќ за српската државна телевизија РТС.

Тој нагласи дека овие избори ќе бидат референдум дали Србија во 2020 година ќе биде модерна европска земја, односно „дали ќе одиме во иднина или во ќе се вратиме во минатото“.