Вонредни планови на ЕУ за балканскиот коридор

0
433

Европската унија подготвува вонредни планови за Грција и за останатите земји од Балканскиот коридор, за да се избегне хуманитарната криза како последица од бегалскиот бран од Сирија, Ирак, Авганистан и другите земји.

Портпаролката на Европската Комисија, Нина Андреева, денеска изјави дека Унијата ќе презеде вакви мерки на инсистирање на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер по неговиот состанок со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, одржан во Брисел пред речиси две недели. вакви мерки.

-Комисијата веќе испраќа писма до оние земји кои се уште не се согласуваат за релокација на мигрантите. Целта е сите да се придржуваат до договорот за релокација на бегалците и ние ќе го забрзаме тој процес. Тоа ќе биде главна точка на агендата на Конференцијата што ќе се одржи на седми март. Ќе видиме до каде сме, изјави Андреева.

Без коментари

LEAVE A REPLY