Вообичаени гужви во УЈП Битола

0
1707

Уште 5 дена до истекот на рокот за поднесување на годишни даночни пријави, редици гужви пред шалтерите на УЈП во Битола . Оние што успеавме да ги анкетираме револтирани се од како што велат комплицираната процедура за пополнување на формуларот
-Два дена одам и има многу нејаснотии, незнам и денеска дали ќе успеам да ја завршам работата , вели битолчанка

Но има и такви кои што немаат никаков проблем со пополнувањеето на пријавата

– Мене ми е лесно бидејќи работам сметководител, вели граѓанин
Од УЈП информираат дека работат секој ден прекувремено, па дури и во саботите, се со цел граѓаните до 15 март, односно пред истекот на рокот, да ги пријават годишните приходи, а доколку граќаните не го запазат рокот  следува глоба од 100 до 200 евра
-Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска, односно самостојна дејност, потоа приходи од кирии од издавање имот, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот,како и за добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници, изјави Снежана Стојановска УЈП
Деновиве уште една мака на глава ги снајде граѓаните. Имено според новите измени на Законот за данок на додадена вредност, прагот за регистрација за физичките и правните лица се намали од 2.000.000 на 1.000.000 денари, односно оваа категорија на граѓани кои досега не биле ДДВ обврзници, сега по автоматизам Упрaвата за јавни приходи ги прави ДДВ обврзници и се подложни на плаќањето на законски предвидената обврска. во пресметката на овој еден милион денари влегува не само 18 % ДДВ туку и персоналниот данок.Од УЈП велат дека таков е законот.
До управата за јавни приходи заклучно со вчерашниот ден на ниво на држава се примени 248 200 годишни даночни пријави од кои 247 илјади во хартиена форма а 1211 по електронски пат. На ниво на Регионалната дирекција во Битола заклучно со вчерашниот ден биле примени 43 125 годишни даночни пријави или 49% од годишните даночни пријави што биле примени за минатата година .