Вооружен напад на туристичко одморалиште во Мали

0
645

Луксузно одмаралиште близу престолнината на Мали, Бамако е нападнато, соопшти портпаролот на Министерството за безбедност.

Претставник на Обединетите Нации за АП изјави дека во нападот има жртви, но и заложници.

Властите се сомневаат дека зад нападот стојат џихадисти.

Војската на Мали со помош на француски антитерористички трупи и војници на ОН се упатија кон местото на нападот и ја блокираа областа.