Вооружен напад во кино во Германија

0
570

Во градот Вирхајм во близина на Франкфурт, вооружен маж изврши напад во комлексот кина „Кинополис“, а во пукотниците настрадаа десетици луѓе.

Медиумите во Германија шпекулираат дека бројот на повредени е меѓу 25 и 50 луѓе, но полицијата за сега не соопштува детали, ниту за бројот на повредените, ниту за тоа дали има загинати.

Министерот за внатрешни работи единствено информираше дека по големата полициска операција, напаѓачот е застрелан.

Нападот се случил околу 15 часот попладнево, кога воружен маж, со маска на главата, влегол во кино салата и почнал да пука. Потоа земал заложници и подолго време останал затворен со дел од луѓето кои ја следеле кино-претставата.