Вовед во манекенството со детското модно студио Балестра

0
478

Патот кон весело, позитивно, дете кое има правилно држење на телото, исправен од, започнува каде на друго место ако не во детското модно студио Балестра. Ова модно студио постои повеќе од 20 години е бренд во Битола, кога станува збор за воведување на децата во модниот свет.

И овојпат тие се подготвуваат за новогодишната ревија на која ќе учествуваат околу 30 до 35 деца.

Гламурозна атмосфера, весели и насмеани дечиња, кои едвај чекаат да излезат на сцена и да покажат што научиле во текот на часовите, е само мал дел од она што секоја година се случува на модните ревии на Балестра.

Покрај модните ревии пред новогодишните празници, другите се одржуваат во месец април, а истите се резултат на многубројните часови во текот на целата година .

Балестра е бренд на Битола , студио кoe со своето долгогодишно постоење ги воведува малите манекени и манекенки во светот на модата. Во Балестра децата ги учат тајните на манекенството.

Предновогдишната ревија и оваа година ќе се одржи во ресторан Гламур на 17- ти декември.

Без коментари

LEAVE A REPLY