Воведена вонредна состојба во цела Србија

0
531
По одржувањето на седниците на штабот за вонредни ситуации и на српската влада, а во врска со актуалните поплави, одлучено е да биде прогласена вонредна ситуација на цела територија на Србија, јави Б92.
Одлуката е донесена како превентивна мерка со која ќе се олесни и забрза дејствувањето на сите органи на Република Србија во заштитатата на животите и безбедноста на граѓаните и имотот, како и при отстранувањето на последиците од поплавите. Севкупната ситуација е отежната и поради мигрантската криза, па на полицијата при заштитувањето на границите ќе им помага и војската на Србија.
Српскиот премиер Александар Вучиќ претходно изјави дека во случај дождот да продолжи да врне ќе се создадат услови да се прогласи вонредна ситуација на територијата на цела Србија.