Воз удри во ѕидот на станицата, стотина повредени

0
739

Воз удрил во железничката станица во Хобокен, Њу Џерси, а, според првичните информации, има десетици повредени.

Несреќата се случила за време на утринскиот метеж. Фотографиите на друштвените мрежи покажуваат големи оштетувања на железничката станица, свиткан метал и купови тули.

Се чини дека ударот бил толку силен што паднал и дел од плафонот.

Блиските болници ги упатиле сите возила што им се на располагање на местото на несреќата.

Причината за несреќата што се случила околу 8.30 минути по локално време не е позната.

Терминалот Хобокен е важна станица за патниците кои патуваат од Њу Џерси кон Њујорк и обратно.