Воз во Индија излета од шини, над 100 загинати

0
225

Најмалку 100 лица загинаа во железничка несреќа на северот на Индија, соопштија индиските власти, додавајќи дека над 150 се повредени и дека се сместени во локалните болници.

Несреќата се случила рано утринава во близина на селото Парва, кај индустрискиот град Канпур, додека повеќето патници сѐ уште спиеле.

Во несреќата 14 вагони од патнички воз на линијата Патна-Индоре излетале од шините.

Спасувачките екипи го пребаруваат местото на несреќата во потрага по патници заглавени меѓу тешко оштетените вагони, соопшти индиската полиција.