Возач што викал „Алаху акбар“ се обиде да прегази пешаци во Виена

0
357

Полицијата уапси 21-годишен маж во Виена, откако тој намерно се обидел да прегази пешаци извикувајќи „Алаху Акбар“ од својот автомобил. Никој не е повреден, а властите ги истражуваат мотивите на напаѓачот.

Инцидентот се случил во четвртокот околу 11 часот по локално време во областа Фаворитен.

„Тој сврте и возеше директно кон минувачите“, изјави портпаролот на полицијата во Виена Томас Кајблингер во интервју за Радио Виена.

„Според изјавите на очевидци, 21-годишникот извикувал ‘Алаху акбар’ преку отворениот прозорец на неговиот автомобил“, додаде Кајблингер.

Никој не е повреден во нападот, но еден од пешаците морал да скокне од пешачкиот премин за да си го спаси животот.

Според австриските медиуми, возачот е жител на Виена со турско потекло. Набргу по инцидентот човекот бил уапсен од полицијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY