Воздухот загаден, битолчани тешко дишат

0
670

Веќе извесен период состојбата со загадениот воздух е алармантна. Според податоците на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот денеска во 11 часот Мерната станица Битола 1 која е лоцирана во индустрискиот дел на Битола измери средно загадување на воздухот , а мерната станица Битола 2 која што се наоѓа во центарот на градот покажа високо присуство на ПМ 10 честичките.Се поставува прашањето колку се штетни честичките?

Познавачите на приликите велат дека честичките присутни во атмосферата се со димензии од 0,002 до 100 микрони. Поголемите релативно брзо се таложат на површината, но помалите остануваат долго.Честичките со поголеми димензии, се вдишуваат, но остануваат на површината на носот и горните делови на гркланот. Истите со издишувањето дел се исфрлаат, а преку секретот од носот или искашлување се острануваат.Најситните, продираат најдлабоко и тие се најопасни. Битолчани се жалат дека се чувствувале честичките во воздухот и се дишело се потешко.

Главни причинители за загадениот воздух според екологистите се нерационалното користење и старите возила, несоодветните типови горива за греење и непроверени инсталации во грејните системи, намалување на зелените површини, индустријата, градежништвото.

Со алармантни податоци за загадувањето вчера излезе и Институтот за јавно здравје. Последниве неколку дена се  забележани концентрации на штетни честички неколкупати  над дозвлените граници. Највисоки се  во Тетово до 350 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, Скопје до 260 микрограми, Битола до 150 микрограми. Поради загаден воздух секоја година во земјава умираат повеќе од илјада лица, а за една третина се зголемиле заболувањата на белодробниот и кардиоваскуларниот систем.  Следната недела се очекува состанок на интерсекторската група  на која ќе се расправа за корекции во алармните  нивоа за загадувањето, како и за некои од препораките кои се прават  во европските земји. Не се исклучува можноста за  затворање на  јавни објекти,  училишта и детски градинки бидејќи според експертите за јавно здравје,  влегуваме во фаза кога треба да се преземаат алармантни активности и мерки.

Без коментари

LEAVE A REPLY