Воздушен коридор за мигрантите побара Иванов

0
556

„Со цел да се спречи хуманитарна криза во Грција, но и регионална нестабилност на Балканот, неопходно е што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку балканската рута, туку со воздушни коридори“, порача претседателот Ѓорге Иванов на безбедносната конференција на ОБСЕ што вчера се одржа во Рим. Тој рече дека Македонија е подготвена за сите сценарија и ќе постапува онака како што постапуваат и другите држави по должина на бегалската рута, но и државите – крајни дестинации. Македонскиот претседател истакна дека кризата не може да се реши само со политички декларации и бирократски процедури, туку мора да се менаџира со помош и поддршка и од безбедносните служби и армиски структури.

„Би сакал да ми наведете еден пример во државите по должина на балканскиот коридор каде што ОБСЕ има своја мисија која навремено информирала за заканата од илегалната миграција“, праша Иванов во обраќањето.

Тој рече дека се зголемуваат обидите за насилно влегување во Македонија, употребата на фалсификувани пасоши и документи на ФРОНТЕКС, како и насилството врз безбедносните сили на граничната линија, со што се доведува во прашање не само националната безбедност туку и регионалната стабилност.

Без коментари

LEAVE A REPLY