Возило излета од патот

0
2129

На  30.04.2016  година во 05.50 часот на патот Ресен-Прилеп, кај Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која И.К.(22) од Битола, управувајќи  ПМВ „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки изгубила контрола над истото, излетала надвор од патот и се превртела. Во незгодата со ТТП (фрактури на двете подлактици и исчашување на рачните зглобови) се здобил сопатникот А.Ј.(26) од Битола, а додека И.К. се здобила со ТП (исчашување на лев скочен зглоб и расекотина на главата). Истите биле пренесени и задржани на лекување во КБ-Битола.  Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола.