Возило удри во полициски конвој

0
194

Вчеравечер по прославата на плоштад „Македонија“, возило „ауди“ удрило во полициски конвој на раскрсницата меѓу булевар „Партизански одреди“ и „8 Септември“.

Неофицијално, при ударот има осуммина повредени полициски службеници од специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, како и тројца патници во возилото. Сите биле пренесени во Ургентнион центар и други болници, каде било констатирано дека поминале со телесни повреди, по што биле пуштени на домашно лекување.

Се очекува полицијата во текот на денот да изнесе повеќе детали околу несреќата.