Возило утрово излета во река во Прилеп

0
2097

Една жена загина, а маж е тешко повреден утринава во сообраќајна несреќа во Прилеп, која се случила откако возило „опел астра“ со прилепски таблички, ја покосило металната ограда на мостот и влетало во коритото на градската река.

Пожарникарите успеале да ја извадат едната жртва, а тешко повредениот возач го предале на лекарите.