Возилото на косовскиот премиер Мустафа нападнато со јајца и боја

0
187

Косовската полиција уапсиле две лица кои во средата утрото со боја и јајца го гаѓале возилото на косовскиот премиер Иса Мустафа, пренесуваат косовските медиуми.

Инцидентот се случил утрово во 8 часот, кога косовскиот премиер тргнал на работа. Движењето „Самоопределување“ ја презело одговорноста за овој инцидент и на својата страница на социјалната мрежа Facebook наведе дека „сака да го потсети премиерот Мустафа дека не може да ја дефункционализира државата Косово преку основањето на Заедницата на српските општини“.

Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа изјавил дека полицијата ги идентификувала двете лица за кои се сомнева дека со јајца и боја го гаѓале возилото на косовскиот премиер