Возиме и се едуцираме

0
319

Битола на точак и последниот четврток во Август ја возеше критичната маса. Освен што возат, со информации се обидуваат да ги информираат граѓаните преку својот профил на социјалните мрежи.

„ Колите се директно одговорни за загадувањето. Најголемата емисија на штетни гасови од колите доаѓа од возењето низ град на кратки растојанија“ е насловот за информацијата дека автомобилите се одговорни за околу 12% од вкупните емисии на јаглерод диоксид што е главниот стакленички гас во ЕУ.

Законот бара новите автомобили регистрирани во ЕУ да не испуштаат повеќе од просечни 130 грама јаглерод диоксид по километар почнувајќи од 2015 година.

Ова претставува потрошувачка на гориво од околу 5,6 литри на 100 км за возила на бензин или 4,9 литри на 100 км за дизел возила.

До 2021 година, просекот на емисии од сите нови автомобили треба да изнесува 95 грама јаглерод диоксид на километар.

Ова значи потрошувачка на гориво од околу 4,1 л / 100 км за бензин возила или 3,6 л / 100 км за дизел.

Без коментари

LEAVE A REPLY