ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО И ВИДЕО: На турска плажа најдено удавено Сиријче

0
381

Внимателно кренато во рацете на странец, момчето изгледа како да спие додека го тргаат од плажата. Но ова сириско момче, сѐ уште облечено во шорцеви и маичка, никогаш нема да се разбуди за да потрча по плажата каде што утринава неговото тело било исфрлено од морето, пренесува Дејли мејл.

Момчето можеби е најтрогателната жртва на сѐ подлабоката бегалска криза и нема сомнеж дека загинало при обидите на неговото семејство да се избори за подобар живот за него.

Безименото момче е само едно од 2.500-те луѓе загинати годинава додека се обидувале да избегаат од насилствата, војните и сиромаштијата и преку море да стигнат до Европа.

Детето, на возраст од две или три години, било најдено на плажа во близина на Бодрум, а неговото тело го презеле припадници на турската жандармерија.

 Судбината на неговото семејство е непозната, но се претпоставува дека тоа е една од 11-те жртви од брод што се превртел во близина на турскиот брег.
www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY