Вознијацки елиминирана од Ролан Гарос

0
136

Некогаш најдобрата светска тенисерка, Каролин Вознијацки, настапот на Ролан гарос го заврши во второто коло. Данската тенисерка загуби од Германката Јулија Гергес со 4:6, 6:7.

Вознијацки која на Ролан Гарос беше петта носителка против Гергес имаше проблеми со својот сервис, поради што Германката пет пати и го одзеде сервисот. Гергес е 72-ра на ВТА листата, таа против забележа 39 директни поени, а Вознијацки имаше 16.

Гергес во третото коло ќе игра против Американката Ирина Фалкони која со 2:1 ја совлада Сесил Каратанчева.

Проблеми во второто коло имаа уште три носителки, но тие со пресврт стигнаа до третата рунда.

Андреа Петковиќ славеше над Лудрес Домингес-Лино (4:6, 6:4, 6:4), Сара Ерани ја победи Карина Витефт (6.3, 4:6, 6:2), додека Петра Квитова ја елиминираше Силвија Солер-Еспиноза (6.7, 6:4, 6:2).