Возот за Битола удри во камења на пругата

0
933

На 03.03.2016 година во 16.55 часот на дел од пругата помеѓу железничка станица Гостиражни и железничка станица Прилеп, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола наишол и удрил во поставени камења маскирани со гранки, најверојатно поставени од непознати лица. Притоа била оштетена инсталацијата на машината со што бил загрозен железничкиот сообраќај како и безбедноста на патниците.  Повредени  патници и  возен персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.