Возот за Битола удри во одрон кај Теово

0
554

Вчера околу 22 часот на дел од пругата помеѓу железничко стојалиште кај село Теово и железничко стојалиште село Согле патнички воз на релацијата од Скопје кон Битола удрил во одрон од камења и земја на пругата.

Од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и истата е излезена од пругите. Повредени патници и возен персонал нема.

Полициски службеници ги спровеле патниците од местото на несреќата до селот Согле од каде со автобус на МЖ биле пренесени до потребната дестинација.