Вработените на Југохром на едночасовен протест во Скопје

0
281

Вработените од металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јагуновце денеска ќе излезат на протест и од од 12 до 13 часот ќе ја блокираат крстосницата пред Судската палата во Скопје.

Како што најавија ќе достават и протестно писмо до Инспекторатот на Министерството за животна средина за да се повлече мерката за забрана за работа на Комбинатот од каде егзистенција обезбедуваат неколку илјади жители на овој регион.

Во него се содржани барањата од пред 10 дена, кога тие го блокираа автопатот Тетово – Скопје. Тогаш побараа повлекување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“. Исто така, добивање статус на работниците додека не се рестартира фабриката, а побараа и од раководството да забрза со изградбата на филтер-станицата која успори поради „оддолжување на постапката за градежна дозвола“.

– Југохром“ не работи дваесетина дена, а печките беа исклучени бидејќи не беа монтирани филтрите за заштита на животната средина.За комбинатот ова беше краток рок, а и во услови кога компанијата не работи мерните станици во Тетово воздухот е загаден, велат вработените.